Економист: ВМРО ДПМНЕ останува најпопуларна партија меѓу граѓанството
Анкетата на јавното мислење покажува дека ВМРО ДПМНЕ останува најпопуларна партија меѓу граѓанството пишува Економист, сајтот за анализа на земји и индустриска анализа.
Договорот со ЕУ беше основа на која се темелат начините на кои ќе се изведат парламентарните избори кои беа закажани на 24 април 2016 година, вклучувајќи ја и привремената влада, која ќе се формира 100 дена пред почетокот на гласањето.
Договорот беше постигнат со цел да се намалат тензиите меѓу политичките чинители, но истите како се наближува датумот на изборите, се зголемуваат. Директната вклученост на ЕУ во организирањето на политичките прашања во Македонија исто така покрена вознемирувачки прашања во врска суверенитетот и независноста на земјата нешто што може да ја поткопа демократијата во истата.
Четирите најголеми политички партии постигнаа договор со ЕУ на 14-ти јули, со што се стави прекин на шестмесечната политичката криза што ја зафати Македонија.
Најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), ќе се врати во парламентот на 1-ви септември со што беше разрешен клучниот услов од ЕУ, за да се прекине едногодишниот бојкот на парламентот.
Новиот јавен (специјален) обвинител според договорот треба да биде назначен до 15 септември, а истиот треба да биде одобрен од сите страни. Тој ќе ја води истрагата за скандалот со прислушкување, нешто што и ја предизвика политичка криза.
Техничка влада ќе биде формирана на 20-ти октомври, а според договорот политичките партии ќе го номинираат новите министрите, и новите заменици-министри, кои ќе имаат право на вето.
Сегашната влада (вклучувајќи го и премиерот, Никола Груевски) ќе поднесе оставка, а новата влада ќе има мандат за строги подготовки за изборите на 24-ти април.
Секој е победник.
Во меѓувреме премиерот Никола Груевски изјави дека успешното решавање на кризата ќе ја задржи Македонија на патот на евро-атлантските интеграции. Со ваквата разврска сега Македонија може да очекува добивање на одобрение за отпочнување на разговорите, по речиси цела деценија на подготовки. Ова го вели словенечкиот член на Европскиот парламент Иво Вајгл.
Сепак ЕУ не разјасни како ќе тече процесот на пристапување, со оглед на ветото на Грција за нерешеното прашање за името.
Иако ваквиот договорот со ЕУ значи дека ВМРО-ДПМНЕ, ќе мора да ја дели власта со СДСМ, Груевски остана позитивен во неговите изјави. Тој рече дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите во април 2016 година.
Последните анкети покажуваат дека СДСМ ќе биде втор по успешност на овие предвремени избори.
Извештаите на локалните медиуми сугерираат дека СДСМ сакала техничка влада за еден подолг период од шест месеци за да се овозможи време да се подготви за истите.
Анкетата на јавното мислење спроведено од 6-16 јуни од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), покажува дека политички скандал не доведе до значајна промена во јавното мнение во однос на СДСМ. Според анкетата, јавната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ е 23%, додека поддршката за СДСМ е 11%, што значи дека и покрај сите околности, владејачката партија останува со двојната предност.
Иако договорот не направи ниту една од страните целосно среќни, сепак истиот покажува надеж дека проектираното до Април 2016 може да се изведе се додека и двете страни покажуваат знак со добра волја.
Сепак, последните настани подигаат дел од проблемите. Можно е господинот Заев лидер на СДСМ, кој го смени својот став во неколку наврати во текот на преговорите, да се обиде да се врати на повторно договарање ако верува дека нема доволно време пред изборите да се подготви со цел да го зголеми бројот на седишта во Парламентот.
Најспорните точка на несогласување можно е да биде на 15 септември кога ќе се именува јавниот специјален обвинител, кој треба да го испита скандалот со прислушување. Сите политички партии мора да се согласат за избор на истиот; неуспехот да се договорат може да претстува опасност со манипулациите за политички цели.
За разлика од некои од соседите, како што се Босна и Херцеговина (БиХ) и Косово, Македонија избегна да стане Западен протекторат по распадот на поранешна Југославија во 1990-тите, и покрај мини-граѓанска војна за време на бунтот на етничките Албанци во 2001.
Сепак, директна вклученост на ЕУ во организирањето на политичките настани во Македонија, како одговор на политичката криза годинава ги продложува во форма на надворешно туторство. Со оглед на тоа дека постојаната вмешаност на ЕУ во политиката на Балканските земји стана норма кај многу балкански земји (вклучително и Грција) голем дел од експертите и набљудувачи, немаат дилема за улогата на ЕУ на овие простори. Сепак, таквите отворени пречки не можат да бидат добри за развојот на демократијата во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа