ВИДЕО: Ривалдо на 43 години се врати на теренот
Поранешниот најдобар фудбалер во светот, Бразилецот Ривалдо одлучи на 43 години повторно да се врати на теренот.
Ривалдо настапи за тимот Моги Мирим, клуб во кој ја извршува претседателската функција, во рамките од втората лига против Наутико. Тој играше до 68.минута, а две минути по неговото напуштање на играта, неговиот тим израмни, но пред крајот на мечот успеа да постигне нов гол и да го добие натпреварот.
-По 15 месеци пауза почнав да тренирам и ќе играм повремено. Сакам да ги инспирирам младите играчи да го дадат својот максимум. Доколку јас со 43 години можам да играм, тога тие можат уште подобро, изјави Ривалдо кој во 1999.година беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА.
Видеото погледнете го тука:
http://www.makedonija24.mk/play/rivaldo-na-43-godini-povtorno-zaigra-fudbal
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа