Собирачите на топчиња на Вимблдон заработуваат 200 евра дневно

 

Професијата „собирач на топки“ на некои големи тениски турнири ни најмалку не е наивна.

Имено, момчињата и девојките пред да станат собирачи на топки на Вимблдон, поминуваат низ специјална селекција, а оние кои ќе бидат избрани мора да имаат координирани движења и брзи рефлекси.

Тоа не е се-избраните мора да бидат способни да ги поминат специјалните тренинзи, но треба да направат и посебен тест, за кој се смета дека е положен доколку имаат повеќе од 80 проценти точни одговори.

Се разбира мора да го разбираат тенисот, односно да ги знаат правилата.

За крај следува и награда. На Вимблдон паричниот надомест изнесува 135 фунти, односно 190 евра дневно.

Сепак, со оглед дека го сакаат овој спорт, најголемата награда за нив е што се наоѓаат во непосредна близина на големите тениски велемајстори.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега