Полицијата пронајде динамит кај двајца делчевчаи
Вчера во 02.00 часот во Делчево, полициски службеници при преглед над лицето М.Ц.(36) од Делчево, пронашле цилиндрична прачка со жолтеникава боја, со должина од 20 цм и дијаметар од 2 цм, завиткан во восочна хартија. Поради сомнение дека се работи за динамит, кој најчесто се користи во градежништвото, предметот е одземен од и истиот е приведен во полициската станица во Делчево. Во момент кога е вршен прегледот на М.Ц., со него било и едно лице кое се дало во бегство. Истиот е пронајден и приведен, утврдено е дека се работи за К.К.(27) од Делчево - вработен во градежната фирма, кој претходно го набавил динамитот и му го дал на М.Ц.
Полицијата работи по целосното расветлување на случајот ќе поднесе против нив соодветна пријава,
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа