Ван Перски во шпицот на Фенербахче?

 

Агентот на Робин ван Перси два дена е во Истанбул каде преговарал со Фенербахче за личните услови на фудбалерот.

Според информациите кои ги објави весникот „Гардијан“, агентот на холандскиот фудбалер Кејс Вос постигнал договор со турскиот тим за личните услови на неговиот клиент, па Робин ван Перси е подготвен да потпише четиригодишен договор.

Повеќе детали за договорот не се познати, а останува само Фенербахче и Манчестер Јунајтед да најдат заеднички јазик. Тоа нема да биде тешко со оглед на тоа дека тренерот на англискиот тим Луј ван Гал не смета сериозно на услугите на неговиот сонародник за новата сезона.

Според информациите кои ги објави „Гардијан“ клучна улога во преговорите одиграл поранешниот фудбалер на Фенербахче и холандски репрезентативец Дирк Кајт кој го убедил Ван Перси да се согласи на трансфер.

Од Манчестер Јунајтед во Фенербахче се сели и Нани, кој минатата сезона ја мина како позајмен во Спортинг Лисабон.

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега