Димовски, браќата Мојсоски, Вугринец и Станиќ во дрим-тимот на Работнички?

 

Порталот „Спортмедиа“ објави сензационална вест дека ракометниот клуб Работнички прави вистински дрим-тим за следната сезона. Работнички годинава ќе игра во Суперлигата, а како што објави овој портал, според неофицијални информации, се спомнуваат големи ракометни имиња. Браќата Наумче и Слатко Мојсоски, потоа браќата Велко и Никола Маркоски, Ренато Вугринец и Дарко Станиќ се „бомбите“ кои се најавуваат во Работнички. Според неофицијалните информации претседател на новиот Работнички треба да биде Ристо Чокрев, кој во изминатата деценија беше еден од најзаслужните за успехот на Металург, а директор на тимот треба да биде Ванчо Димовски. Повеќе на порталот „Спортмедиа“.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега