Трагедијата нема крај: Уште еден загинат кај Колари - откриен идентитетот на починатите

 

Бројот на загинати во вчерашната несреќа кај Колари на патот Кичево-Охрид порасна на четири лица. Во страшната несреќа, покрај бебето, неговата двегодишна сестра и нивниот татко, 28-годишниот Деар А. од кичевско Зајас, на пат кон болница на тешките повреди им подлегнал и 56-годишниот Амзи И. од скопско Долно Свиларе кој бил сопатник во пикапот.

Дваесет и шест годишната Х.А. и возачот на пикапот 31-годишниот В.А. од скопско Горно Свиларе со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

За потсетување, несреќата се случи вчера околу 8 часот и 15 минути при судир на автомобил „Волво“ и товарно возило „Форд конект“. 

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега