Почина Зоран Ангеловски – Шпиц
На 61 година почина Зоран Ангеловски – Шпиц, првиот македонски уличен артист, алтернативен пионер, андерграунд борец, музичар, другар и учител на младите кој ќе остане запаметен како некој кој секогаш помагал и бил тука за другите.
Шпиц е првиот уличен артист во Македонија и пошироко и како таков ја има прошетано цела Европа. Во СКопје заедно со Уки ги забавуваат Македонците и со неговиот син Мики ја формираат групата „По ова“ (After This) со која имаат снимено материјал за два албуми, кои се уште не се објавени.
Почивај во мир легендо!
Оцени ја веста
03.07.2015 - 10:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа