Сведоштво за сообраќајката пред Охрид: Бебето ми умре в раце - помодре и го загуби пулсот
Охриѓанецот Бобан Наумоски бил сведок на вечерашната трагедија која се случи на патот Охрид – Кичево, а во која според информациите до сега животот го загубија најмалку три лица, од кои едно бебе, едно дете и една жена. Тој и другите сопатници сториле се да ги откорнат вратите од згмечениот автомобил за да помогнат на повредените, но лошата судбина на несреќниото семејство за жал била побрза од нив.
Бобан во ексклузивна изјава за Охрид1 вели дека глетката била страшна, возилото било буквано сплескано, а бебето кое го извлекле од возилото починало на пат за Кичево.
– Имаше шлепер паркиран од страна кој го поминавме. Колата и комбето чадеа! Колата беше буквално сплескана скроз и возачот беше заглавен напред. Сеуште беше жив… Не се гледаше ништо внатре. Од како ја отворивме врата од позади забележавме дека една жена стои заглавена меѓу двете седишта, а бебенцето беше на задното седиште и даваше знаци на живот. Имаше пулс… Додека се обидував да ја откирнам предната вртата, другите кои беа со мене го извлекоа бебето од автомобилот и се јавивме во ”Брза помош”. На брзата помош и кажавме дека со бебето се уаптуваме кон Кичево, го држевме бебеот наведнато на лева страна за да не го голтни јазикот, но за жал бебето помодре во телото, го изгуби пулсот и почина – вели Бобан кој е обучен за прижање прва помош бидејќи неколку години работи како спасувач на плажа.
– Повикавме и пожарна за да ги сечат вратите на автомобилот – вели Бобан.
Официјалните информации до овој момент се дека три лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа која се случи попладнево на магистралниот пат Кичево-Охрид кај кичевското село Колари, а уште три лица се тешко повредени, соопши СВР – Охрид,
Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски информираше дека во несреќата што се случила околу 18,15 часот загинале три лица, а меѓу нив две се малолетни. Уште три лица се тешко повредени, еден од нив се лекува во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, а додека другите двајца поради сериозноста на повредите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Информации за причините и идентитетот на жртвите и повредените, полицијата најави за утре.
Увидот на местото на несреќата е веќе завршен, а додека траел немало застој во сообраќајот, информира Димовски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа