ФЗОМ апелира: Граѓаните побрзо да аплицираат за електронска здравствена картичка

Денеска од Фондот за здравствено осигурување на Македонија апелираат граѓаните побрзо да аплицираат за електронските здравствени картички.

- За да може осигурените лица да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ, се вели во денешното соопштение од ФЗОМ.

Барање за издавање на ЕЗК осигурениците може да го сторат во Подрачната служба Скопје, од 7 до 19 часот, како и на истурените шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир. Во дополнителни четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто има одговорно лице од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК.

- ФЗОМ како институција е задоволна од одзивот на граѓаните во врска со доставување на барања за ЕЗК. Над 1.200.000 осигурени лица доставиле барања за издавање на ЕЗК. За оние осигурени лица кои се уште немаат поднесено барање за издавање на ЕЗК, за да може да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ, се истакнува во соопштението од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. 

ФОТО: Дневник

најчитано сега