Вардар во групата Б со првакот Барселона, Металург во групата Д од Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар ќе играат во иста група со европскиот шампион Барселона во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите. Тоа е епилогот од вечерашното извлекување на групите одржано во Виена. Македонскиот првак Вардар се наоѓа во една од двете поквалитетни групи (групите А и Б) од ова натпреварување, додека вториот наш претставник Металург се најде во групата Д заедно со екипи кои според рангирањето се со нешто послаб квалитет (групи Ц и Д).
Распоред на групите за сезоната 2015/16:
Група А: Кил, Веспрем, ПСЖ, Цеље, Висла, Загреб, Бешикташ, Флензбург.
Група Б: Барселона, Киелце, Вардар, Колдинг, ПИК Сегед, Рајн Некар Ловен, Кристијанстад, Монпеље.
Група Ц: Ла Риоха, Мешков Брест, Чеховски Медведи, Порто, Војводина, Татран Прешов.
Група Д: Металург, Скјерн, Мотор Запорожје, Кадетен Шафхаузен, Баја Маре, победник на квалификациите.
Натпреварите од првото коло ќе се играат од 16 до 20 септември.
Европската титула ја брани екипата на Барселона каде настапува македонскиот репрезентативец и капитен Кирил Лазаров.
Европската титула ја брани екипата на Барселона каде настапува македонскиот репрезентативец и капитен Кирил Лазаров.
Оцени ја веста
26.06.2015 - 20:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа