Блатер: Немам поднесено оставка

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер изјави дека нема поднесено оставка на функцијата која ја извршува и дека истата ќе ја понуди на вонредниот конгрес. Тој до изборот на нов претседател на ФИФА што ќе се избира на вонреден конгрес ќе ја извршува функцијата „прв човек“ на Свестката фудбалска федерација.
Блатер кон крајот на месец мај по петти пат беше избран за претседател на ФИФА, иако неколку дена претходно изби корупциски скандал на високи функционери на ФИФА, а шест претставници беа уапсени по барање на американските власти. Четири дена по изборот Блатер најави оставка.
Претседателот на ФИФА Блатер засега не е обвинет во скандалот за корупција.
Оцени ја веста
26.06.2015 - 16:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа