Прегазено шестгодишно детенце - страшна сообраќајна несреќа во Тетово

 

Шест лица, меѓу кои и малолетно дете, биле повредени во две сообраќајки што се случиле вчера на две различни места во тетовско.

Во првиот случај околу еден часот по полноќ на регионалниот пат Тетово-Желино пред влезот за Сараќино се случила сообраќајка во која учествувале две патнички возила „Фиат уно“ со тетовски регистерски таблици управувано од 33-годишниот Б.М. од Седларево и „Цитроен“ со скопски таблици што го управувал тетовецот А.Х.(27).

- Во судирот телесни повреди задобиле четворица сопатници од „Фиатот“ на возраст од 19, 2O, 22 и 41 година, сите од Седларево и сопатник од „Цитроенот“ на возраст од 41 година од Тетово. Повредените со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош сите биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдуваат причината и се друго поврзано со несреќата  во која вкупната материјална штета се проценува на 50 илјади денари, изјави Јосифовски.

Во втората сообраќајна несреќа шестгодишно детенце се здобил со телесни повреди откако вчера околу 15 часот и 30 минути додека се движело по улицата „Штипска“ во Тетово било удрено од  патничко возило „Голф“ што го управувал 34-годишниот А.Р. од Лисец.  

Со истото возило детето било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош задржано е за опсервација.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега