ВИДЕО: Срамно однесување на Португалија и Шведска за да ја исфрлат Италија од ЕП
Не дека ова не се случувало порани, но таквите работи сериозно мораат да се исфрлат од играта! Младите фудбалери на Португалија и Шведска, покажаа едно од најнеспортските однесувања на фудбалските терени, што на крајот резултираше со директно испаѓање на Италија од Европското првенство за млади. Во последното коло, ситуацијата на табелата беше таква што на Португалија и Шведска им беше доволен само бод во меѓусебните мечови, за да и двете селекции минат во полуфиналниот шампионат и се пласираат на Олимписките игри, додека на „аѕурите“ со триумф над Англија им одговараше каков било резултат, освен реми во вториот меч. Избраниците на Луиџи Ди Биаџо својата задача ја исполнија победувајќи го „Гордиот Албион“ со 3:1, а воедно дослушуваа што се случува на вториот меч. А таму беше вистинска спортска и фудбалска срамота. Ниту едните ниту другите не се трудеа претерано да постигнат гол. Сепак по 82 минута, Пасијенси и донесе предност на Португалците, но веднаш потоа Симон Тиблинг ја помина лесно одбраната на противничкиот тим, која не се обидуваше премногу да го спречи, и да го израмни резултатот во 90 минута.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа