Ја прегази најдобрата српска велосипедистка и избега

 

На деветнаесет годишната Јелена Ериќ, репрезентативка на Србија во друмски велосипедизам, налета возило додека тренирала на патот, по штои го скршил скочниот зглоб. Автомобилот покрај Јелена удрил во уште двајца велосипедисти кои возеле со неа. Полицијата, жената која побегнала од лице место, ја стигнала на 50 километри подоле од местото на несреќата. „Тргнавме на тренинг од околу 20 километри. Не ни моравме затоа што имавме два дена одмор, но сакавме да направиле еден круг. Додека воземвме во линијата во Конарев, еден позади друго, јас ја водев групата, нешто наеднаш ме исфрли во воздух. Се најдов на земја заедно со моте двајца колеги. Возилото со ред не покоси“, вели Јелена. Таа додаде дека кога се подигнала немало никој, а кога се обидела да стане веднаш паднала. Неколку минути подоцна се врати возилото во кое биле две жени. „Едната не праша дали сме добро, а кога и рековме дека повикавме полиција, побегнаа, но ги видовме таблиците. Полицајците подоцна ни рекоа дека ги пресретнале во Ушче. Жената која возела била под дејство на алкохол и имала 1,4 промили алкохол во крвта“, вели Јелена.

 

 

Оцени ја веста

Disable rich-text

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега