Хендикеп за Македонија - на ЕП без Чековски
Ѓорѓи Чековски нема да може да и се приклучи на сениорската репрезетација која ќе настапи на ЕП во 2015. Жалиме што Чековски нема да ни помогне во желбите да настапиме со сите расположливи сили на Европското првенство 2015. Како негов поранешен капитен во репрезенацијата, сведок сум дека секогаш бил на ниво на поставените задачи, а како сегашен претседател на федерацијата му изразувам благодарност за придонесот изминатите 15 сезони во најубавиот дрес, изјави претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски. Чековски беше дел од македонската репрезентација на ЕП 2011 во Литванија кога „црвено-жолтите“ го постигнаа најголемиот успех во историјата освојувајќи го четвртото место.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа