Утрово сонце - попладне невреме
Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, на места пообилен, грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе се движи од 19 до 30 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 28 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува седум.