Заев: На следните избори опозицијата ќе победи со 100.000 гласа разлика

 

На следните избори доколку бидат фер опозицијата ќе победи со 100.000 гласа разлика, рече денеска претседателот на СДМС Зоран Заев во интервју за телевизијата 24 вести. Заев вели дека работите се промениле и дека опозицијата ќе треба да се помачи но власта неминовно ќе се сменела.
„Избори без опозицијата не може да има. Никола Груевски и Али Ахмети едноставно после се не може сами да одат на избори. И јасно им е дека мора да се седне и да се подготват фер и демократски избори. Крајно време е политичарите да ја преземат вината за нашата земја. Заев, Груевски, Тачи, Ахмети. Тоа е обврска на политичарите, мора да преземат храбри и одлучни чекори“ - рече Заев.

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега