Пау Гасол ќе игра на Евробаскетот?

 

Центарот на Чикаго Булс Пау Гасол би можел да заигра за Шпанија на претстојното Европско првенство во кошарка.

Се претпоставуваше дека Гасол ќе го пропушти Евробаскетот поради годините, но и поради проблемите со повредите кои ги имаше во текот на оваа сезона. Сепак, центарот на Чикаго повторно е „загреан“ за националниот тим, пишува „Марка“.

Пау уште не ја донел конечната одлука, некои детали треба да се решат, но состанокот со селекторот Серџо Скориоло поминал задоволувачки.

Својата одлука Пау Гасол треба да ја соопшти најдоцна до идната среда.

Инаку, Шпанија се наоѓа во Групата Б заедно со Србија, Германија, Италија, Исланд и Турција.

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега