ФОТО: Баварците од Прилеп организираа турнир во фудбал
Утре членовите на Фан клубот Bayern Munchen Mazedonien 2015 ќе одиграат турнир во мал фудбал, поддржан од Локалната Самоуправа и неколку прилепски фирми. Турнирот ќе се одржи на Могилата на непобедените, а ќе присуствуваат фанови од цела Македонија со цел добро дружење и забава преку спортски дух на најважната споредна работа на светот, фудбалот.
Се очекуваат голем број на гости како од градот така и од цела Македонија, а фудбалерите од најдобрите три екипи ќе се закитат со медали за освоено прво второ и трето место.
Нашиот портал е медиумски покровител на настанот кој има и хуманитарен карактер, така што присутните баварци ќе ја покажат својата хуманост преку донирање средства за битолчанецот Пеце Роговски кој се бори со тумoр на карлица заедно со спинален канал. На Пеце му е потребна операција во Турција која кошта 35.000 евра и затоа му се потребни средства бидејќи е сам со својата мајка која е невработена.
Сметка за донации во Македонија:
Роговски Пеце
290500007892819
ТТК Банка
200002877989992
Stopanska Banka A.D. Skopje
Можност за донација на indiegogo.com
Покажете ја вашата хуманот!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа