ВИДЕО: Хет - трик на Роналдо за триумфален пресврт на Португалија

 

Репрезентацијата на Португалија оствари победа во натпреварот од 6.коло од квалификациите за ЕУРО 2016 на гостувањето кај Ерменија со 3:2, а стрелец на сите три гола беше Кристијано Роналдо.

Тој головите ги постигна во 29.минута (пенал), 55.минута и 59.минута. Ерменија водеше со 1:0 со голот на Маркос Пицели (14.минута) и на крајот намали на 2:3 преку Храир Мкојан (72.минута).

Португалија е лидер во групата со 12 бодови, втора е Данска со 10, следува Албанија со 7, Србија и Ерменија имаат по еден бод.

Резултати:

Група Д: Република Ирска – Шкотска 1:1, Полска – Грузија 4:0 и Гибралтар – Германија 0:7.

Табела: Полска 14 бодови, Германија 13, Шкотска 11, Република Ирска 9, Грузија 3, Гибралтар 0.

Група Ф: Финска – Унгарија 0:1, Фарски Острови – Грција 2:1, Северна Ирска – Романија 0:0.

Табела: Романија 14 бодови, Северна Ирска 13, Унгарија 11, Фарски Острови 6, Финска 4, Грција 2.

Група И: Ерменија – Португалија 2:3 и Данска – Србија 2:0.

 

Табела: Португалија 12, Данска 10, Албанија 7, Србија 1, Ерменија 1.

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега