Струмица: Син го прободе татка си со нож зошто ја нападнал неговата мајка
Вчера во 21 часот во струмичко, додека 33-годишната Д.С.се наоѓала во кујната, влегол нејзиниот 39-годишен сопруг Н.С. и започнал да ја навредува и да и се заканува.
Во исто време, во кујната се наоѓал и нивниот малолетен син Т.С. кој кога видел дека неговата мајка е во опасност се обидел да ја заштити така што застанал пред неа.
Таткото револтиран од неговата постапка, со тупаница го удрил по лицето, а 15-годишното момче исплашено за својата безбедност и безбедноста на својата мајка зел еден нож, замавнал со истиот и го повредил татка си во пределот на стомакот.
ФОТО: Пулс 24