Нова турнирска победа за Ѓорческа во двојки
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оствари 20-та победа на фјучрс турнир во игра на двојки. Таа попладнево со Романката Кристина Дину во финалето на фјучрсот во романскиот град Галаци ги победи вторите носителки Ирина Марија Бара и Диана Бузеан од Романија со 2-0 во сетови.
Двата сета македонско-романската комбинација Ѓорческа – Дину ги доби со 6:4 и 6:2 во гемови.
Ѓорческа оваа година досега имаше четири турнирски победи по две во Египет и во Хрватска. Ова е втор триумф на Ѓорческа на турнир со награден фонд од 25.000 долари, додека сите други се на турнири со награден фонд од 10.000 долари.
Инаку, Ѓорческа денеска веќе постигна една победа и во четвртфиналето во поединечна конкуренција совладувајќи ја Патриција Маир-Ахлеитнер од Австрија со 2-0 во сетови и утре во полуфиналето ќе игра со Романката Дину, со која победија во игра на двојки.
Оцени ја веста
13.06.2015 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа