Обрван: Добро е што го поштедивме Лазаров

 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван задоволен од победата над Швајцарија (26:17) и од тоа што капитенот Кире Лазаров немаше потреба да влегува во игра, само ги изведуваше седмерците.

- Одигравме многу зрело, одлично го почнавме натпреварот и целосно сум задоволен како се претставивме. Лазаров ќе играше само ако Чешка ја изненадеше Франција. Со победата на Франција тој мораше да одмора, добро е што го заштедивме нашиот клучен ракометар и капитен, рече Обрван.

Тој се осврна и на претстојниот дуел в недела во Скопје против Чешка, решавачки за пласманот на Европското првенство. Упати апел навивачите во што поголем број да ја бодрат репрезентацијат и да и помогнат во остварување на пласманот на ЕП.

- Не е се готово. Играме со Чешка дома и тоа е клучниот натпревар. Им благодарам и на навивачите кои беа присутни тука во салата и не подржаа. Сега очекуван полна сала в недела и да ја потврдиме добрата форма со победа над Чешка и пласман на Европското првенство. Ги повикувам навивачите да ни помогнат, потенцира македонскиот селектор.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега