Ван Гал со милијарда евра ќе го купува Роналдо
Холандскиот стратег сакајќи да склопи шампионски тим, тргна по услугите на голгетерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо. Медиумите веќе пишуваат за текот на преговорите, и тоа за околу четворица играчи. Ван Гал покрај Роналдо во тимот ги бара и Бензема, Бејл и Варан.
Невозможната мисија ја потврди и напаѓачот на „ѓаволите“ Ван Перси кои истакна дека неговиот сонародник е одлучен во намерата да склопи шампионски тим.
Имаат реален план, конктретно 270 милиони евра за засилувања, а главната цел на клубот е Премиерлигата и враќањето во врвот на Лигата на шампионите.
Англиските медиуми во текот на денешниот ден пренесуваат дека Јунајтед и Реал веќе преговара, а главната мета околу целите преговори е Кристијано Роналдо.
Сепак, Реал Мадрид не ни помислува да се ослободи од сите овие играчи во пакет, а за тоа најдобра потврда стига од спортскиот дневник АС, кој информира дека Манчестер веќе добил одговор од Реал, но истиот е шокантен, бидејќи отштетната клаузула само за Кристијано Роналдо иснесувала милијарда евра!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа