Листа на 20 најскапи фудбалери - Меси вреди повеќе од 250 милиони евра

 

Меѓународниот фудбалски институт (CIES Football Observatory ) ја објави најновата листа на најскапите светски фудбалери од најсилните 5 лиги на светот.

Изненадување на ова рангирање е тоа што Еден Азар е пред Кристијано Роналдо, односно неговата вредност е од 135 до 149 милиони евра. Повеќе фактори се земаат во правењето на оваа листа (договорот, позицијата, достигнувањата, резултатите ...) меѓу кои и годините, а Португалецот веќе влезе во четвртта деценија од животот и „CIES“ него го проценува на 125 милиони евра.

Четикратниот добитник на „Златната топка“, Лионел Меси е прв (281 милиони евра), а првата петка ја комплетираат Нејмар (98,5 милиони евра) и Серхио Агуеро (86 милиони евра).

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега