Продолжува динамиката за реконструкција на патиштата

 

Општина Аеродром и Јавното претпријатие за државни патишта продолжуваат со динамиката за реализација на предвидените проекти.

Денеска отпочна целосно реконструирање на улицата „Тодор Чангов“, а за десетина дена ќе се почне реконструкцијата и на улицата „Горно Лисиче“.  Целокупната инвестиција чини околу 18 милиони денари. Средставата се обезбедени од ЈП за државни патишта, а проектите се изготвени од страна на општина Аеродорм.

-Должината на улиците кои ќе бидат реконструирани во Горно Лисиче се околу 3,5 километри. Очекуваме целокупната инвестиција да заврши до месец септември и улиците да бидат целосно готови. Општина Аеродром ќе продолжи со реконструкција и на останатите улици. Очекувам до крајот на мојот мандат, во Горно Лисиче целосно да бидат реконструирани сите улици, потенцираше градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.

-Досега низ цела Македонија се направени околу 360 локални патишта со вкупна должина од околу 700 километри. Вкупната инвестициска вредност е околу 57 милиони евра. Оваа година го завршуваме тој проект и се надеваме дека оваа година ќе успееме да ги завршиме останатите, се работи за уште 46 патишта во вкупна должина од 57 километри, 8 веќе се завршени, 12 се во тек на изградба, тука припаѓа и овој еден пат „Тодор Чангов“, а останатите ќе се завршат до крајот на годината. Со сето тоа, мислиме дека во голема мера ќе се подобри квалитетот на улиците и локалните патишта низ цела Македонија и со тоа ќе се подобри и стандардот на граѓаните во државата, истакна директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега