Нов асфалт на патот Радишани-Љубанци

 

Општина Бутел почна со подготовка на коловозот за асфалтирање на патот Радишани – Љубанци. Оштетениот коловоз се проширува и се подготвува за нов асфалт од околу 1,1 километар.

Се работи за патот во должина од 1,1 километар, каде пред извесно време се градеше атмосферска канализација заради надојдената вода од старите разбудени извори и се доизгради постојната фекална канализација.

Општина Бутел информира дека оваа делница е многу фрекфентна, особено во викендите и апелира граѓаните да имаат разбирање.

Градежните работи треба да завршат за 30 дедна, а изведувач е ГИВ „Инженеринг“ од Скопје. Проектот во вредност од пет милиони денари е финансиран од буџетот на општина Бутел.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега