„Весел плоштад на зајдисонце“ повторно во Скопје
Од утре ќе почне реализацијата на манифестацијата ЕДЕН ЧАС ПРЕД СТЕМНУВАЊЕ ВЕСЕЛ ПЛОШТАД – 2015 на Плоштадот Филип 2, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.
На просторот на Плоштадот Филип 2, со музика, фолклор и други активности наменети за децата, младината и за граѓаните на Скопје ќе се реализира овој проект. Програмата ќе се одржува секој петок и сабота од 19 до 20 часот, во месеците: мај, јуни, јули, септември и октомври.
Дел од програмата за месец јуни:
05 јуни - Фолклорна група од КУД „Вапцаров“
06 јуни - Завршен концерт на фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“-Градски парк - кај ШКОЛКА
12,13 јуни - Завршни концерти на танцово-ритмичката секција како Јавен час од ДКЦ „Карпош“
19 јуни - КУД ЕТНОС- фолклорна група
20 јуни - Фолклорна група од КУД „Вапцаров“
26 јуни - КУД ЕТНОСТ - фолклорна група
27 јуни - Фолклорна група од КУД „Вапцаров“
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа