Среќен роденден Комити

 

Најпопуларната навивачка група во Македонија, Комити денеска го слави својот 28 роденден. Поддржувачите на Вардар се потсетуваат на мечот против Црвена Ѕвезда кој црвено-црните го добија со 3:1.

Ви го пренесуваме историјатот на навивачкта група од нивниот веб сајт

Во летото господово 1987 на 4 јуни, во Скопје, на Градскиот стадион се играше дербито во тогашната ЈУ-лига помеѓу екипите на Вардар и Ц.Ѕвезда (3:1). На западната трибина за првпат од постоењето на клубот се забележува првиот транспарент КОМИТИ. Од тој ден па се до денес, Комитите го следат Вардар каде и да оди и против кого и да игра. Имаат гостувано во сите градови во Македонија, скоро во сите градови во поранешната СФРЈ, и во многу градови низ Европа. Комитите за време на СФРЈ беа една од подобрите тифо групи и претставуваа страв и трепет за секоја тифо група која ќе се осмелеше да пристигне во Скопје. Како си поминуваа циганите и гробарите само тие си знаат. Торцида беше тотално разбиена, а навивачите на приштина масакрирани. Red Firm на двапати пристигнаа во Скопје и секогаш без инцидент поминуваа од едноставна причина што со нив се имаше добри односи. Комити во тоа време беа далеку од Delije, Grobari, Torcida, B.B.B. Horde zla, но сепак беа рамо со рамо (ако не и подобри) од Armada, Maniacs, Red Firm... Во поранешна Југославија “КОМИТИ” остварија голем број на гостувања, а најголем впечаток оставија гостувањата во Белград и Ниш кога беа изненадени “Циганите”, а Ниш тотално демолиран. 

По распадот на СФРЈ во Македонија избувнува вистинска тифоманија со што Комитите добиваа конкуренти и нови искушенија. Покрај своите стари ривали “Чкембари”, добија многу нови: “Мајмуни”, “Кумани”, “Војводи”, ..... Па така “Комити” добија нова цел да докажат дека се најдобри и најсупериорни во Македонија. Редовно одеа на гостувања ширум Македонија да докажат кој е газда. Меѓутоа со забраната за организирани масовни гостувања тифо движењето во Скопје па и во Македонија се сруши. Настана голема битка помеѓу Комити и ФСМ која резултира со невиден хаос на натпреварот Вардар-Силекс. На Комитите не им се дозволува гостување, на другите мак тифози не им се дозволува да пристигнат во Скопје, па така интересот за ултра навивање по малку се изгуби. Но сепак Комитите опстојуваат. Можеби не во онаа препознатлива бројка, но со голем квалитет и срце сеуште ги приредуваат препознатливите спектакли. Во годините изминати покрај Вардар кога навивачкото движење беше на работ на истребување, и не толку во мода. Секогаш беа и се’ да ја дадат својата подршка, да ги одбранат своите идеали и чест. И покрај се’... И покрај сите забрани, опструкции, но и покрај целата репресија и негативна пропаганда која се врши кон името Комити и поимот навивач. Комити се секогаш тука!

За крај и химната на навивачката група

Среќен роденден Комити

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега