Ѓоковиќ го сруши Надал
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по седум меѓусебни дуели против Шпанецот Рафел Надал славеше победа на терените на „Роланд Гарос“. Првиот носител на Отвореното тениско првенство на Франција, Ѓоковиќ во три сета го победи девет кратниот освојувач на „Роланд Гарос’’ Рафаел Надал, во претпоследниот меч од четвртфиналната рунда.
Единствено во првиот сет Шпанецот беше рамноправен, а Ѓоковиќ сетот го доби со 7:5. Во следните два сета, најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ на надал му препушти само четири гема, и тоа, три во вториот и еден во третиот сет.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Енди Мареј кој со 3:1 во сетови беше подобар од Шпанецот Давид Ферер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа