Од утре отворени игралиштата на градска плажа „Парк“
Од утре ќе почнат да работат одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“. Сите заинтересирани ученици, граѓани, спортски клубови и здруженија на граѓани, можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на одбојкарското и на ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.
Горенаведените спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.
Закажувањето за користење на терените на игралиштата може да се врши на следниве телефони : 02/ 3297 – 238 и 02/ 3297 - 320 до 16:30 часот секој работен ден или на самото игралиште во горенаведениот период .
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа