Срамен потег на Скопјани
Kрави го уништиле новиот парк што неодамна го засадија екипите на „Паркови и зеленило“ во комплексот „Македонско село“ на Водно. Масовно се крадат цвеќиња, се пожали директорот на јавното претпријатие, Душан Авировиќ, кој е разочаран од тоа што граѓаните како никогаш досега крадат од јавните зелени површини, пренесува Дневник.
Како што пишува весникот, полицијата досега не фатила ниту еден крадец на цвеќињата, иако не постои територија каде истите секојдневно не се крадат.
- Пред една недела, кога се пушташе во употреба булеварот Митрополит Теодосиј Голаганов, морав да стојам на тој начин што ќе ги кријам празнините каде што беа засадени цвеќињата. Во рок од два дена оттаму беа украдени околу осум цвеќиња. Исто така, во паркот покрај булеварот засадивме туи и за една вечер беа украдени три. Пред два месеца засадивме цвеќиња околу споменикот во дворот на општинската зграда на Бутел, сите до едно ги украдоа. Завчера, кога се организираше средба во Општината Бутел, моравме повторно да садиме - вели Авировиќ за Дневник и додава дека била украдени и 70 садници и во Шуто Оризари, како и на Водно.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека кражбите на цвеќиња се специфични и проблематични и не можеа да дадат податоци за тоа колку кражби се пријавени пролетва кога започнува уредувањето на дворовите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа