Шарапова елиминирана во осминафиналето на Ролан Гарос
Двократната победничка на Ролан Гарос (2012 и 2014 година) Марија Шарапова го заврши настапот на Грен слем турнирот во Париз откако денеска во осминафиналето беше совладана од Луси Сафарова со 2:0 во сетови.
Сафарова го доби првиот сет со 7:6 во тај брекот 7:3 и во вториот сет беше 6:4.
Таа во четвртфиналето ќе игра против Гарбине Мугуруза, која со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) ја победи Флавија Пенета.
Од осминафиналните дуели кај жените ќе играат уште: Серена Вилијамс – Слоун Стефенс, Петра Квитова – Тимеа Башчински, Сара Ерани – Јулија Гергер и Андреа Миту – Алисон Ван Ујтванк.
Кај мажите денеска на програмата се осминафиналните дуели: Новак Ѓоковиќ – Ришар Гаске, Гаел Монфис – Рожер Федерер, Енди Мареј – Жереми Шарди, Џек Сок – Рафаел Надал и Марин Чилиќ – Давид Ферер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа