Гечевски казнет со шесмесечна условна суспензија

 

Играчот на Работнички Тодор Гечевски, заработи шестмесечна условна суспензија, поради некоректните и неспортски изјави во јавноста.

Настанот се однесува за мечот со МЗТ во 5-то коло од Суперлигата, во кои популарниот Тоше со неговите изјави му нанесе штета на противникот, на Лигата и на Македонската кошаркарска федерација.

Тодор Гечевски е казнет со шестмесечна условна суспензија, која нема да ја изврши доколку во период од една година не направи нешто слично.

Во прилог на одлуката на Дисциплинската при МКФ оди и тоа што Гечевски не ја негирала својата изјава дадена во одредени медиуми, туку напротив ја потврдил.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега