Лацио во квалификациите од Лигата на шампионите

 

Екипата на Лацио успеа да го освои третото место во Серија А и со тоа да се избори за место во квалификациите од Лигата на шампионите. Синоќа во дуел со директниот конкурент Наполи, Лацио победи како гостин со 4:2.

Лацио поведе со 2:0 на полувремето со головите на Марко Пароло и на Антонио Кандрева. Гонзало Игуаин со два гола изедначи на 2:2 во 64.минута, а потоа истиот фудбалер ја имаше и најдобрата шанса да му донесе водство на Наполи. Но, пеналот во 76.минута го изведе лошо и шутираше над голот. До крајот на дуелот Лацио постигна уште два гола преку Огени Онази и Мирослав Клосе.

Резултати од 38.коло: Рома – Палермо 1:2, Фиорентина – Киево 3:0, Интер – Емполи 4:3, Наполи – Лацио 2:4, Сампдорија – Парма 2:2, Сасуоло – Џенова 3:1, Торино – Чезена 5:0, Каљари – Удинезе 4:3, Аталанта – Милан 1:3 и Верона – Јувентус 2:2.

Пласман во Лигата на шампионите изборија: Јувентус, Рома и Лацио (квалификации), а во Лига Европа ќе играат: Фиорентина, Наполи и Џенова (квалификации). Лигата ја напуштаат: Каљари, Чезена и Парма.

Конечна табела: Јувентус 87 бодови, Рома 70, Лацио 69, Фиорентина 64, Наполи 63, Џенова 59, Сампдорија 56, Интер 55, Торино 54, Милан 52, Палермо 49, Сасуоло 49, Верона 46, Киево 43, Емполи 42, Удинезе 41, Аталанта 37, Каљари 34, Чезена 24, Парма 29. 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега