Лазаров: Сонот е остварен, колекцијата е комплетирана, медалот е за мојот татко

И покрај болката која го пратеше во текот на финалниот дуел Кирил Лазаров вчеравечер го испиша своето најзначајно поглавје во кариерата. Играјќи за Барселона успеа да ја освои Лигата на шампионите во ракомет, трофеј кој го немаше освоено во неговата богата клупска кариера.

- Чувството е неописиво. Конечно го остварив сонот за кој играв цела кариера и поминав позитивни и помалку позитивни моменти, но секогаш верував дека ќе дојде овој ден. Сега кога дојдов до првиот трофеј, апетитите ќе пораснат. Мислам дека игравме многу зрело, како вечерва, така и цела сезона, во групната фаза и во елиминациите. Имав пех на почетокот од мечот, почувствував болка во листот од десната нога, се обидов да се вратам, и стручниот шатб инсистираше, но болката беше посилна. Но како што реков и вчера ние сме тим, еден ден ќе блесне еден, друг ден друг ракометар, важен е колективот, изјави Лазаров.

Најдобриот македонски ракометар трофејот му го посвети на својот татко.

- Сакам да им се заблагодарам на моите пријатели, моите најблиски, мојата фамилија кои секогаш беа покрај мене во текот на кариерата и секако на мојот татко, кој е починат, но и е најзаслужен за тоа што сум денес, истакна Лазаров со македонското знаме во микс-зоната по натпреварот. 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега