Вардар по заверка на титулата во „Автокоманда“
Ракометарите на Вардар и покрај големата предност на врвот на табелата најавуваат победа на денешниот дерби дуел со Металург и враќање на титулата во нивните витрини.
- Ние си имаме цел, а тоа е со максимален ефект да си ја завршиме сезоната и не нѐ интересираат туѓите калкулации за второ место. Знаеме сите дека сме имале проблеми од минатите години во Автокоманда, затоа ќе имаме еден максимално сериозен пристап, вели капитенот на „црвено-црните“ Филип Лазаров.
Вардар има 24 бода по осум круга или шест повеќе од Металург и теоретски му треба само бод да стане шампион уште денеска.
Металург брка бод за да ги задржи шансите за второто место и настап во Сеха лигата следната сезона.
Натпреварот Металург – Вардар во салата „Автокоманда“ почнува во 16 часот и 30 минути.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа