Пандев и Галатасарај ја прославија 13 шампионска титула во шампионатот на Турција.

 

Горан Пандев ги одигра сите 90 минути на гостувањето кај Ризеспор (1:1), меч по кој неговиот тим Галатасарај и официјално ја прослави новата шампионска титула во Турција. Воедно ова беше и последен меч за нашиот најдобар фудбалер во првенствениот дел со оглед на тоа дека клубот од Истанбул преостанува да го одигра уште и финалниот меч од Купот на Турција каде во среда Галатасарај ќе се сретне со Бурсаспор. 
Пандев и соиграчите во Ризе и се радуваа на новата титула која е освоена со 77 бодови и зад себе овој состав ги остави конкурентите Фенербахче и Бешикташ. Ова беше 21. рекордна титула за тимот на Пандев во Турција, а нашиот фудбалер во шампионатот настапи само на 5 средби и не постигна ниту еден гол за разлика од Купот каде има постигнато осум погодоци и е еден од најзаслужните за наспатот во финалето.  
Од следната сезона Пандев се враќа во Италија и ќе настапува за Џенова.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега