Реми на Јувентус, победа на Милан во последното коло од Серија А

 
Во италијанската Серија А викендов се игра последното коло, а во првите два дуела синоќа, шампионот Јувентус одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Верона, а Милан во Бергамо ја совлада Аталанта со 3:1.
 
Јувентус одамна ја освои шампионската титула, Верона и Аталанта го имаа обезбедено опстанокот во лигата, додека Милан зад себе остава неуспешна сезона без пласман во евро-куповите.
 
Двојки за вечерашните осум средби со кои ќе се комплетира 38.коло: Каљари – Удинезе, Торино – Чезена, Фиорентина – Киево, Интер – Емполи, Сасуоло – Џенова, Наполи – Лацио, Рома – Палермо и Сампдорија – Парма.
 
Табела: Јувентус 87 бодови, Рома70, Лацио66, Наполи 63,Фиорентина 61.
 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега