Марадона за ФИФА: Јас сега уживам
Славниот фудбалски ас од Аргентина Диего Армандо Марасдона, е презадоволен од апсењето на челниците на ФИФА.
Соединетите Американски Држави и Швајцарија уапсија 14 лица, шестмина високи функционери на ФИФА, осомничени деказеле 150 милиони долари мито претходните 25 години.
„Велеа дека сум луд, за среќа ова е вистината, па јас сега уживам“, вели искусниот Марадона.
„Тие го мразат фудбалот, мразат транспарентност, доста лажење и сомнителни договори“, истакна Марадона.
Апсењата беа во Цирих, во седиштето на ФИФА, на 2 дена во пресрет на изборите за прв човек, на кои Сеп Блатер се обидува да освои петти мандат.
„ФБИ е во право, им честитам за ова и сега тие луѓе ќе треба да објаснат што се правело“, додава Аргентинецот.
„Блатер треба да оди во САД да објасни некои работи, парите кои ги зеле можеле да бидат искористени за тренинг кампови“, заклучи Марадона.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа