ВИДЕО: Барселона го претстави новиот „Ноу Камп“

 

Челниците на Барселона го претставија реновираниот стадион кој би требало да се вика „Островот Ноу Камп“.

Во реконструкцијата на најголемиот стадион во Европа, како и кошаркарската сала „Палау Блауграна“, ќе биде вложено 600 милиони евра.

Капацитетот на стадионот од сегашните 96.000 ќе биде зголемен на 105.000, планирана е изградба на трибина посебно за семејствата на фудбалерите, а најважен дел од реконструкцијата ќе биде големиот покрив, како и ЛЕД екраните на кои одблиску ќе може да се следат случувањата на теренот.

-Овој проект ќе ја испише историјата. Тој потполно ќе го промени лицето на Барселона, но и светските стандарди. Пред нас е голем предизвик, а на него ќе работат само најдобрите, изјави претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу.

Видеото погледнете го тука

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега