ОН го преиспитуваат партнерство со ФИФА
Обединетите нации преиспитуваат партнерство со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради корупцискиот скандал што ја погоди таа организација, изјави Стефан Дижарик, портпарол на ОН.
- Го преиспитуваме нашиот партнерски однос, изјави портпаролот на ОН.
ОН и ФИФА тесно соработуваат во промоција на здравје, полова рамноправност и заштита на децата.
Седуммина официјални претставници од ФИФА ба уапсени вчера во Цирих под обвинение за корупција по барање за испорака од американските власти.
Оцени ја веста
28.05.2015 - 21:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа