ЕВН најави исклучувања - неколку населби без струја
Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Карпош и Кисела Вода.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре, од 11:30 до 13:30 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите од улиците Ринхини, Франце Прешерн и Езерци во општина Карпош.
Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе отанат потрошувачите од улиците Ваташа, Слав и Румена Хаџипанзова во општина Кисела Вода.
Оцени ја веста
27.05.2015 - 09:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа