Анхел Ди Мариа се сели во ПСЖ?
Судејќи според парите вложени во него и високите очекувања, може да се заклучи дека Анхел Ди Марија имаше лоша сезона.
Ди Марија се уште не го владее јазикот, не може да се навикне на животот во Англија, па и на оној фудбалскиот, што им даде повод на медиумите се повеќе да шпекулираат за неговата иднина.
Најновата е онаа на „Л’Екип“ која вели дека во летниот преоден рок постои голема веројатност Аргентинецот да се пресели во ПСЖ.
Ди Марија беше на чекор до францускиот првак и минатата сезона, но поради финансискиот фер-плеј Парижаните не беа во можност да го платат обештетувањето на Реал Мадрид.
Во овој преоден рок ПСЖ проблемот ќе го надмине со тоа што во зделката би го вклучил десниот бек Грегори Ван дер Вил.
„Л’Екип“ воедно спроведе анкета меѓу фановите на ПСЖ со прашање дали сакаат Ди Марија да биде дел од нивниот тим, а 66 проценти од нив одговориле позитивно.
Инаку, вчера беше потврдено дека од „Олд Трафорд“ заминува Радамел Фалкао, а дали тоа ќе го стори уште едно звучно име, останува да се види.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа