Анчелоти најави едногодишна пауза од тренерската работа

 

Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти кој вчеравечер доби отказ од Реал Мадрид, најави едногодишна пауза од тренерската работа.

- Морам да одам на операција на вратен пршлен, проблем кој ми предизвикува трнење на раката. Во моментов имам доста понуди од мојата земја Италија, од англиската Премиер лига и од германската Бундеслига. Верувам дека бројните понуди ќе ги има и по завршувањето на новата сезона. Значи моето враќање на тренерското место веројатно ќе биде за една година, изјави Анчелоти.

Италијанецот е отпуштен од Реал по двегодишна работа чии резултати се еден трофеј во Лигата на шампионите и еден шпански Куп.

Годинава „кралскиот тим“ не освои ниту еден наслов и тоа беше пресудно раководството да му додели отказ.

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега