Четворица стандардни ракометари на Вардар остануваат во екипата најмалку уште една сезона

Алем Тоскиќ и Филип Лазаров потпишаа нов едногодишен договор, Матјаж Брумен останува уште две сезони, а Стојанче Стоилов три сезони.

Вардар ги задржува играчите кои ја сочинуваат главната алка сезонава, со што најголемиот дел од ракометари кои последниве две сезони играа во четврт-финалето на Лигата на шампионите ја продолжија верноста со екипата.

Пивотменот Алем Тоскиќ кој е актуелен репрезентативец на Србија, по две сезони во дресот на Вардар, сега го продолжи договорот за уште една. Десното крило Матјаж Брумен доби нов двегодишен договор.

Капитенот Филип Лазаров и репрезентативец на Македонија, останува верен на клубот уште најмалку една сезона, а пивотменот Стојанче Стоилов потпиша нов тригодишен договор со Вардар.

Досега Вардар го продолжи договорите со Алекс Душебаев, а нов играч е пивотменот Мијајло Марсениќ.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега