Манчестер Јунајтед понуди 50 милиони евра за Андерсон!

 

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед понудил 50 милиони евра за фудбалерот на Лацио Фелипе Андерсон.

Бразилецот игра спектакуларно оваа сезона во Серие А, а со тимот на Лацио се наоѓаат на чекор до пласман во Лигата на шампионите.

Офанзивниот играч за врска поседува брзина, страшен дриблинг, добар пас, шут и одличен преглед на играта, а постигна десет голови оваа сезона и запиша шест асистенции.

Како што наведува изворот на весникот, Јунајтед сака со оваа понуда да стави до знаење дека го сака Андерсон по секоја цена.

Освен Манчестер Јунајтед, за Андерсон се заинтересирани Челзи, ПСЖ и Атлетико Мадрид.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега