Ристовски: Со помош на екстерното тестирање СДСМ сака да заработи лесни политички поени

 

Денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ја коментираше вчерашната прес-конференција на СДСМ околу екстерното тестирање.

Ристовски денеска посочи дека СДСМ е партија која дава предлози откако нешто започнало да се рњализира за да добие ситни политички поени.

-Владата е конзистентна во ставот, а резултатите од екстерното тестирање покажуваат успех. Истото стартуваше и се имплементираше, а успешно и се спроведува. Доказ за тоа се и резултатите кои веќе се објавуваат. Во следниот период  ќе работиме многу поинтензивно за да се отстранат и оние мали технички проблеми кои се јавија, нагласи министерот.

Тој уште еднаш посочи дека изјавите на СДСМ служат за тие да добијат лесни политички поени.

ФОТО: вмро-дпмне.орг

најчитано сега