Македонските каратистки освоија три златни и еден сребрен медал во Бугарија
Во Софија, во спортскиот центар „Горна Малина“ се одржа меѓународниот карате турнир Никон Опен 2015 на кој настапија 500 каратисти од Бугарија, Македонија, Грција, Турција, Италија, Чиле, Романија...
На турнирот кој е најсилниот карате турнир во Бугарија настапија и три репрезентативки на ККРонин близначките Маријана и Мишела, како и Киријана Камческа.Трите освоија три златни медали и една сребрена.
Во близначкото финале во категоријата ката сениорки победи Маријана Димоска и освои златен медал Мишела освои сребрен медал.
Трета е репрезентативката на Чиле, Карла Дел Ла Паз која е искусен и познат натпреварувач и е носител на многу медали на Панамерисканските првенства и сениорски Карате 1 Премиер Лиги но овде загуби од Маријана Димоска со 5-0.
Киријана Камческа е прва во ката кадетки/јуниорки, а ката тимот Камческа и сестрите Димоски е прв во сениорска категорија.
Ова е првиот чекор во нивната подготовка која започна а и чија крајна цел е Светското Јуниорско карате првенство во Џакарта Индонезија во ноември.
Важни попатни станици за патот до СП Џакарта се Карате 1 Светскиот Куп за јуниори до 21 во Умаг и Медитеранското јуниорско првенство во Александрија-Египет како и Карате 1 Премиер Лига -Истанбул.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа